Природниот начин е најдобар за процесот на слабеење, а со оваа диета, тој може воедно да биде и најбрзиот. Прочитајте во продолжение за што станува збор.

Краставицата се смета за најефикасниот зеленчук кој ефективно помага за слабеење и сето тоа благодарение на неговиот состав, кој всушност претставува 95% вода, а со самото тоа има и безначителна број на калории.

Вкусниот зеленчук воедно содржи органски киселини и диетални хранливи влакна, како и минерали и витамини. А сега ви откриваме и специјални диети со овој зеленчук, од кои резултатите се видливи за многу брзо време.

Диетата со краставица не само што помага да се ослободите од вишокот килограми, туку помоага и брзо да ги отстраните штетните материи од вашиот организам, при што го снабдува телото со доволно количество на јод, ја спречува појавата на камен во бубрезите и го активира метаболизамот. За диетата и притоа да добиете видливи резултати, доволно е истата да ја практикувате само 1 ден.

Колку може да ослабнете со оваа диета

Да подвлечеме линија меѓу диетата и гладувањето на еден ден. Диеталното мени не мора да се состои само од зелени зеленчуци, туку истото може да вклучува и други производи, како на пример, пилешко месо и риба. Оваа диета ќе ви овозможи да изгубите 1 килограм во 1 ден. Тоа значи дека доколку ја практикувате цела недела, тогаш за 7 дена би изгубиле 7-8 килограми.

Покрај протеините што се содржат во пилешкото месо и рибата, во менито можете да вклучите млечни производи и јаткасти плодови.

4 варијанти на консумирање на краставицата

Пригответе зеленчукова салата од краставици и домати, притоа додавајќи само масло за готвење во истата, без да користите сол или други зачини. Количината на порцијата не треба да надминува 150 грама. А потребно е истиот оброк да го консумирате 4 пати дневно.

Втората верзија од диеталното мени покрај краставици, вклучува и консумирање на јаболка. Потребно е да изедете 1 килограм јаболка и 1 килограм лупени краставици во текот на еден ден.

За третиот предлог, повторно можете да направите салата со истите состојки, притоа овој пат додавајќи и кисело млеко.

Комбинацијата на краставици и кисело млеко се смета за една од најпрочистувачките и најефикасните за обновување и активирање на дигестивниот систем.

Меѓу оброците потребно е да консумирате и течности, па така се препорачува да испиете 1 литар јогурт или кисело млеко и 1.5 литри вода.

Во однос на четвртата верзија на менито, на оброкот со краставицата, додадете нискомаслена урда.

Изберете една од опциите и практикувајте го менито не повеќе од една недела, а сите денови консумирајте ја краставицата на една од 4-те различни предлози. Докажано е дека најпрво мора да го нормализирате организамот, за да повторно го активирате да слабее.