Една жена забележала дека нешто чудно се случува со нејзиниот татко, кој бил сместен во дом за стари лица, па за да се ослободи од сомнежите, одлучила во собата во која престојувал да постави камера на сокриено место.

Со поставувањето на скриената камера, следувал и голем шок. Камерата снимила како нејзиниот татко е малтретиран од страна на еден од вработените, во еден од најголемите домови за стари лица во Австралија.

На вознемирувачкото видео може да се забележи како вработениот Кореј Лукас го храни 89-годишниот Клеренс Хослер, притоа употребувајќи сила, насилно држејќи ги неговите раце и  поставувајќи салфета преку лицето на беспомошниот пациент и агресивно свиткувајќи го неговиот нос.

Очајната ќерка Нолин Хослер воопшто не била подготовена за тоа што го снимила, како нехуманиот вработен се изживува врз нејзиниот татко, кој боледувал од деменција, а притоа поради болеста, бил и врзан за болничкиот кревет.

Откако ги видела снимките, Нолин веднаш истите ги доставила до полицијата и подоцна Лукас бил уапсен.

„Откако се соочив со визуелните сцени, од состојба на шок преминав во состојба на огромна загриженост за состојбата на мојот татко. Моето срце чукаше забрзано, а рацете ми се тресеа“- вели Нолин.

Нејзиниот татко поминал 13 години сместен во домот за стари лица, а неговата ќерка за крај додава, дека воопшто немала никаква претстава ниту пак била свесна дека некој е способен да направи нешто толку злобно.