Крцкави, ароматични и неверојатно вкусни, новиот златен рецепт со компири за супер брзо време стана кулинарски хит на Интернет! Станува збор за компирови спирали со пикантен вкус со кои дефинитивно сите ќе заборават на класичните пржени компирчиња!

Компирови спирали

Крцкави, ароматични и неверојатно вкусни, новиот златен рецепт со компири за супер брзо време стана кулинарски хит на Интернет! Станува збор за компирови спирали со пикантен вкус со кои дефинитивно сите ќе заборават на класичните пржени компирчиња!
Вкупно време1 час
Оброк: Прилог
Кујна: Кинеска
Клучни зборови: компир, пржени компири, компирови спирали
Порции: 4

Состојки

  • 3 варени компири
  • 2 супени лажици паремзан во прав (или обичен кашкавал)
  • 1 јајце
  • 3 супени лажици компирово нишесте
  • 3 супени лажици пресно млеко
  • Половина кафена лажица мелен пипер
  • По вкус сол и други зачини по желба
  • За пржење масло за готвење

Начин на подготовка

  • Изгемечете ги сварените компири, додадете го нишестето, изренданиот пармезан, мелениот црн пипер, изматеното јајце и млекото и добро измешајте ги сите состојки заедно.
  • Земете најлонски готварски шприц и истиот наполнете го со добиената смеса. Потребно е отворот на шприцот да биде со дијаметар од околу 1,5 цм. Пробно, семете хартија за печење и врз истата со шприцот обидете се лесно да направете една спирала.
  • Пробно, семете хартија за печење и врз истата со шприцот обидете се лесно да направете една спирала.
  • Потоа во загреано масло во тава, директно направете ги преостанатите спирали од компир. Ако спиралите ја изгубат нивната форма, потребно е следниот пат да додадете повеќе нишесте во тестото.
  • Неопходно е да има растојание меѓу спиралите бидејќи во текот на пржењето ќе се зголемат. Пржете и од двете страни.
  • Премесете ги готовите спирали врз решетка, за да се исцеди вишокот на масло.
  • На крај сервирајте ги спиралите и зачинете ги со зачини по ваша желба.