Морската сол содржи осумдесет различни микроелементи како калиум, магнезиум и манган и прави чуда за здравјето, кожата и косата.

1. Морската сол има ефект на алкализација кој помага за балансирањето на нивото на киселост во телото и на тој начин се елиминираат потенцијалните ризици од фатални болести.

2. Солта може да го зајакне имунолошкиот систем, така што телото ќе стане отпорно на бројни автоимуни заболувања како грип, алергии и други.

3. Таа има значително дејство врз кардиоваскуларниот систем. Научниците докажаа дека редовниот внес на морска сол, растворена во вода може во значителна мера да го намали нивото на штетниот холестерол во телото. Таа, исто така ќе го одржува крвниот притисок под контрола и ќе ја нормализира аритмијата.

4. Болести како дијабетесот можат да се лекуваат успешно со морска сол бидејќи таа помага за намалување на нивото на шеќерот во крвта.

5. Повеќе од 20 проценти од натриумот во телото се акумулира во коските и тие се оштетуваат поради недостатокот на минерали во крвта и телесните течности. Додавањето на морска сол во храната доведува до избегнување и лекување на остеопорозата.

6. Морската сол е корисна и за респираторниот систем како минералите и микроелементите, така и структурните честички на алгите содржани во морска вода помагаат за обнова на слузницата. Морската вода има благо антисептично и антибактериско дејство кое се должи на јоните на калциум и магнезиум.

7. Тоа е добар извор на калиум (кој ја олеснува функцијата на мускулните влакна), па морската сол е многу ефикасна при грчеви.

8. Морската сол се смета за природно средство за чистење на крвта. Таа содржи големо количество витамин Ц, кој дејствува како антиоксиданс и ги уништува слободните радикали. Магнезиумот за возврат го стимулира ефикасното функционирање на антиоксидантите. Значи морската сол помага за детоксикацијата на кожните клетки, со што ги вади токсичните супстанции од нив.

9. Колку повеќе токсини се извадени од телото, толку кожата станува помека и поздрава. Затоа резервите со морска сол ја подобруваат текстурата на кожата. Када со морска сол ја стимулира секрецијата на непотребна вода од кожата и од сврзните ткива, што штити од акумулацијата на вишокот течности и кожата станува поцврста и поздрава.

10. Морската сол е полна со витамини и минерали, кои се од витално значење за правилна исхрана на клетките. Овие хранливи материи го подобруваат клеточниот метаболизам (меѓу материја и енергија), го одржува ткивото хидрирано, ја зајакнува циркулацијата до површината на кожата, ги зајакнува клеточните мембрани.

11. Калциумот помага за отстранување на затнати пори.

12. Морската сол е идеална за природен пилинг на кожата, бидејќи структурата и помага за отстранување на мртви кожни клетки.

13. Таа е природен лек за луѓето со мрсна коса. Морската сол ги апсорбира вишокот маснотии од косата и ја остава мека и убава.

14. Благодарение на многуте минерали во морската сол, косата го добива саканиот волумен. Покрај тоа, морската сол обезбедува доволно хранливи материи во фоликулите и така косата станува помека.

15. Морската сол е одлична во битката со првутот. Таа дејствува директно врз кожата и ја штити од сувост.