Габични инфекции може да влијаат на кој било дел од телото. Габите обично се присутни во и на телото заедно со разни бактерии. Оникомикоза, исто така наречена „tinea unguium“ е габична инфекција која влијае или на ноктите на рацете или пак на нозете. Габичните инфекции се развиваат постепено со текот на времето, па затоа е добро да се забележат првичните симптоми и секако веднаш да се упатите во дерматолошка ординација.

Зошто се развива оваа габична инфекција?

Габична инфекција на ноктите се јавува од прекумерен раст на габите во, под, или на ноктите. Габите напредуваат во топли, влажни средини, така што овој вид на животна средина може да предизвика природно пренаселување. ако дојдете во контакт со некој што има габична инфекција истата може да се пренесе на вас.

Ако правите маникир или педикир во салон за нокти, не заборавајте да прашате како вработените ги дезинфицираат нивните алатки и колку често го прават тоа. Затоа што преку нив можат да се пренесат габични инфекции.

Кој е изложен на ризик за габични инфекции?

Постојат многу различни причини за габични инфекции на ноктите, и секоја причина има свој третман. Иако многу од причините за габична инфекција на ноктите може да се спречат, некои фактори на ризик ја зголемуваат веројатноста за нејзино развивање. Поголема е веројатноста да се развие габична инфекција на ноктите кај луѓето кои:

  • имаат дијабетес
  • имаат болест која предизвикува лоша циркулација
  • се над 65-годишна возраст
  • носат вештачки нокти
  • пливаат во јавен базен
  • имаат повреда на ноктите
  • имаат повреда на кожата околу ноктите
  • имаат влажни прсти подолго време
  • имаат ослабен имунолошки систем
  • постојано се во целосно затворени чевли, како што се чизмите

Како изгледа?

Габична инфекција на ноктите може да влијае на дел од ноктите, целите ноктите или неколку нокти.

Видливи знаци

Видливи знаци на габична инфекција на ноктите вклучуваат:

  • жолта материја под ноктите
  • бели или жолти ленти на ноктот
  • распарчен агол или врв на ноктот
  • бели површини на површината на ноктите, кои може да вклучуваат дупки во ноктите
  • појавата на жолти дамки на дното на ноктот
  • губење на ноктите

Најчести знаци

Чести знаци на габична инфекција на ноктите вклучуваат:

  • искривени нокти кои изгледаат како да се поткренале од прстот
  • непријатна миризба која доаѓа од инфицираните нокти
  • кршливи или здебелени нокти

Како да се справите со габичните инфекции на ноктите?

Луѓето најчесто не ги забележуваат симптомите на самиот почеток на инфекцијата или пак и да ги забележат не ги сфаќаат сериозно. Ова е голема грешка затоа што колку е во почетна фаза инфекцијата толку полесно ќе може да се отстрани затоа се препорачува веднаш да се упатите до дерматолошка ординација доколку забележите некои од наведените симптоми.

Дерматолошко естетската ординација Др Анчевски ви го нуди најновиот пристап во терапија на габични инфекции на нокти со ласерски третман со кој пациентите не чувствуваат болка и самиот третман одзема неколку минути.

Доколку имате ваков проблем или пак познавате некој кој сѐ уште не може да се справи со габичната инфекција на ноктите упатете го во Др Анчевски за оваа лето да можат слободно да се движат без ниту една непријатност.