Венчавката и свадбениот ден е највозбудливиот момент во животот на луѓето кои решиле да стапат во брак. Стапувате во брак со личност која ќе ја сакате и цените до крајот на животот, а која истото ќе го направи за вас.

Планирањето на венчавката, од друга страна може да биде доста стресно, а и скапоцено. Потребно е да се испланира распоредот на седење на гостите, храната која ќе се служи, треба да се избере венчаница, фризура, шминка, костим и уште мал милион на работи.

Во просек, цената на венчавките во САД, минатата година изнесувала 45.000 долари, што е за 18.000 долари повеќе од просекот од претходните две години.

Се подразбира, успехот на еден брак нема никаква врска со сумата на пари која ќе се потроши за венчавката. Среќниот и успешен брачен живот се заснова на комуникацијата, почитта и негувањето на интимноста.

Сепак за славните парови кои ја обожаваат екстравагантноста, свадбите и венчавките се уште една од низата работи на која уживаат да трошат вистинско богатство, а во продолжение следуваат 11-те најскапи венчавки во историјата на светот, од кралски до холивудски:

1. Том Круз и Кејти Холмс – 2 милиона долара

2. Пол Мекартни и Хедер Милс- 3.6 милиони долари

3. Лајза Минели и Дејвид Гест- 4.2 милони долари

4. Челзи Клинтон и Марк Мезвински – 5 милиони долари

5. Вејн Руни и Колин Меклофлин – 8 милиони долари

6. Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон – 42 милиони долари

7. Амит Бхатиа и Ваниша Митал – 66 милиони долари

8. Принцот Чарлс и принцезата Дијана – 70 милиони долари

9. Шеик Мохамед бин Зајед Ал Најан и принцезата Салама – 100 милиони долари

10. Маргарет од Јорк  и Чарлс Величествениот – 200 милиони долари

11. Саид Гутсерјиев и Кадија Ужаковс – 1 милијарда долари