Од ликовната уметност во музиката до литературата – овие Хороскопски знаци се исполнети со креативна енергија. И иако секој од нас има креативни заложби, без оглед на Хороскопскиот знак, овие 5 знаци ги надминуваат сите.

Бик

Биковите се исполнети со енергија, затоа постојано творат, без разлика што. Тие можат да создадат сè – слика, историја, внатрешен дизајн или некој нов изум. Најдоброто нешто во случајот е дека Биковите се уверени во себе и затоа го завршуваат започнатото. Одри Хепберн (4 мај) и Шекспир (23 април) се некои од најталентираните Бикови.

Лав

Лавовите многу се држат на тоа постојано да се зафатени со нешто. Тие имаат многу таленти и хобија, па немаат ниту една слободна минута. И бидејќи секогаш имаат напорен распоред, тие пројавуваат креативност дури и во организацијата на своето време. Ако имате потреба од доказ за креативноста на Лавовите, само погледнете ги дизајните на дизајнерката Бетси Џонсон (10 август), која е позната по своите шарени, уметнички и уникатни модели. Други талентирани дами се Џенифер Лопез (24 јули) и Деми Ловато (20 август), која е пејачка, текстописец и актерка, но некако наоѓа време да се вклучува во толку многу добротворни цели.

Девица

Девиците обожаваат да читаат, затоа не е изненадувачки дека нивната креативност е заложена во зборовите. Тие ги забележуваат и најмалите детали кои се важни за една приказна. Девиците пишуваат фасцинантно и го држат читателот под напон цело време. Некои од најпознатите и омилени наши писатели исто така во знакот Девица, на пример Роалд Дал (13 септември), кој има напишано “Чарли и чоколадната фабрика”, Стивен Кинг (21 септември), Џон Грин (24 август), кој се прослави во последните години со “Вината во нашите ѕвезди”, и Лав Толстој (9-ти септември).

Јарец

Слично на другите знаци од нашата листа, Јарецот е исто така решен да ги доведе работите до крај. Претставниците на овој Хороскопски знак имаат многу профит, бидејќи имаат разновидни интереси и различно хоби, но она во што најсилно блескаат е музиката. Не е важно дали станува збор за компонирање, за пишување на текстови или пеење – тие ја обожаваат музиката и секогаш некако се стремат кон неа. Оние Јарци кои не можат да пеат, сепак страдаат од овој факт, бидејќи сметаат дека музиката е еден од најдобрите начини да се изразат. Елвис Присли (8 јануари), Дејвид Боуви (8 јануари) и Џон Леџенд (28 декември) се само дел од познатите Јарци во музиката.

Риби

Рибите се исклучително креативни, а во нивните креации секогаш има доза уникатност и различност. Списокот со нивните таленти е бесконечен – цртање, пеење, танцување се мал дел од нивните хоби. Стив Џобс (24 февруари), Ријана (20 февруари), Џек Керуак (12 март) докажуваат дека има многу успешни Риби во различни креативни уметности.