Често повеќето луѓе кога моментално се соочуваат со одредено заболување, или земаат погрешен лек или поминуваат долго време размислувајќи кој би бил соодветниот за нив.

Во продолжение откријте кои се разликите меѓу најпопуларните лекарства:

1. Парацетамол

Парацетамолот претставува аналгетик и антипиретик. Истиот не само што помага во ублажување на болката, но истовремено ја намалува и треската. Но, без антивоспалителен ефект. Важно е да се има во предвид дека неговото земање не го оштетува стомакот.

Тоа ви овозможува парацетамолот да го земете во било кое време од денот, без да мора тоа да го правите по оброкот.

Но, неговата прекумерена консумација ги зголемува токсините во црниот дроб.

Кога треба да земете парацетамол

  • Главоболка
  • Забоболка
  • Менструални болки
  • Симптоми на грип
  • Секој вид на болка без воспаление
  • Висока температура

2. Ибупрофен

Ибупрофенот е антивоспалително и средство за ублажување на болка. Овој лек е дел од групата на лекарства познати како нестероидни антивоспалителни средства.

Ја намалува треската благодарение на неговиот антипиретичен ефект. Неговата употреба се препорачува кога има воспаление, поврзано со непријатност.

Но, за разлика од парацетамолот, ибупрофенот треба да се зема по оброкот, бидејќи има несакан ефект врз стомачната лигавица.

Кога треба да земате ибупрофен

  • Главоболка
  • Забоболка
  • Хематоми или модринки
  • Болки во мускулите или зглобовите
  • Треска

3. Аналгин

Аналгинот е антипиретик, средство против болка, воедно има и спазмолитско дејство. Дополнително, аналгинот се употребува во случаи кога болката е предизвикана од свиткување на мускулите на одредени органи, како на пример при цревните канали.

Иако аналгинот, слично како парацетамолот, не му штети на желудникот, сепак пред негова употреба, се препорачува лекарска консултација.

Кога треба да земате аналгин

  • Болка предизвикана по операција
  • Пострауматска болка
  • Грчеви