Доколку критичарите би требало да гласаат за најдобриот фустан кој војвотката Кејт некогаш го носела во текот на годините, тоа навистина би било тешка одлука, бидејќи нејзиниот стил е секогаш совршен и безгрешен.

Иако сме навикнати постојано да ја гледаме во нежни креации, овој пат таа ги изненади присутните со необичен избор, носејќи гламурозен црн фустан изработен од чипка.

Фустанот воедно се смета за еден од најскапите што војвотката го носела, а неговата цена изнесува 4684 долари.

Погледнете како изгледаше Кејт овој пат: Како ви се допаѓа?