Компирите приготвени на овој уникатен начин се токму специјалитетот што се сервира на кралските трпези. Само замислете, крцкава кора одозгора, а под неа се кријат сочни компири со месо.

Дали сте доволно заинтригирани? Во продолжение откријте го вкусниот рецепт.

Компири на кралски начин

Потребни состојки

  • 1 кг компири
  • 400 гр месо по ваш избор (пилешко, свинско итн.)
  • Половина главица кромид
  • 300-400 гр кашкавал или сирење, а може и од двете
  • Мајонез
  • Сенф
  • Масло за готвење
  • Сол

Начин на подготовка

Исечете го месото на парчиња, поставете фолија врз истото и нежно обликувајте го со специјален чук. Следно зачинете го месото со мајонез или сенф, поставете го во сад, затворете го садот одозгора со фолија и поставете го месото во ладилник на 1-2 часа, да се маринира. Тоа ќе го направи многу посочно и меко.

Откако ќе помине потребното време, земете 1 килограм компири и исечете ги на парчиња. Исечете го и кромидот, а потоа изрендајте околу 200 грама кашкавал.

Премачкајте го садот масло за готвење, поставете дел од компирите и посолете со сол по ваш вкус. Одозгора додадете го месото, кое веќе добро се маринирало. Следно, врз месото поставете го кромидот и останатиот дел од компирите. Може повторно да посолите со сол.

Најодозгора додадете го изренданиот кашкавал. Додадете и малку мајонез и поставете го специјалитетот да се пече во рерната околу 1 час, на температура од 180-200°C.

Пријатен апетит!