Понекогаш се случува бојата на косата по бојадисувањето да е различна од онаа која сте ја очекувале, пред самиот процес. Во повеќето случаи тоа се должи на фактот што при мешањето на боите, не се додаваат клучните тонови.

Како да ги измешате боите за коса?

Бојадисувањето на косата е деликатен третман. Не само што треба да внимавате на квалитетот на бојата, за да истата не ја оштети вашата коса, туку и да обратите внимание на мешањето на бои, за да резултатите бидат совршени и да го освежат вашиот изглед, а не спротивното.

Правила за мешање на боите со различни тонови

Првото и најважно правило кое треба да го знаете е дека не можете да мешате повеќе од 3 различни бои.

Второто правило е дека потребно е да се мешаат само нијанси кои се блиски една до друга по боја.

Во ниту еден случај не мешајте бои од различни производители, бидејќи секоја компанија има своја различна палета на нијанси.

Исто така, за да на крај бидете задоволни од нијансата, не заборавајте да ги запазите пропорциите, употребувајќи неопходна количина од секоја нијанса.

И последно, но не и помалку важно е да запаметите дека една иста боја може да изгледа различно при различни типови на коса.

Што се однесува до пропроциите, земете ја во предвид и должината на вашата коса.

Експертите препорачуваат тоа да биде 180 мл боја за долга коса, 120 мл боја за коса со средна должина и 60 мл за кратка коса.

Бојата треба да се измеша со оксидатор во сооднос 1:1. Доколку сакате да измешате неколку нијанси на боја, тие прво треба да бидат измешани со оксидатор во одделен сад, а потоа заедно да се измешаат. И за да дознаете каква боја ќе добиете на крај, користете ја скалата на палетата, дадена на кутијата, како упатство.