Како до прекрасна кожа на лицето?
Ако имате акни, митесери или друг вид кожни проблеми, најдобри лекови се оние на природна основа. Еве неколку предлози, а Вие изберете го она што ви одговара:
Зелен чај
Зелениот чај ќе ја заштити вашата кожа од различни неповолни надворешни влијанија.
Подготовка: Во зовриена вода ставете зелен чај и оставете го така 10 до 12 минути. Потоа наведнете ја главата над чајот и покриете се со чиста крпа. Во таа положба останете пет минути, а потоа избришете го лицето со сува и чиста крпа.
Камилица
Камилицата е една од најчестите билки во козметиката. Можете да ја користите и како средство за отстранување на нечистотии од порите.
Подготовка: Во зовриена вода ставете сушена камилица и оставете да стои 5 минути. Потоа наведнете ја главата над чајот и покриете се со чиста крпа. Во таа положба останете 10 минути, за да постигнете добар резултат.
Откако ќе се излади чајот можете да го измиете лицето со него.
https://www.nane.mk/kako-do-prekrasna-kozha-na-litseto/https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/05/chisto-litse.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/05/chisto-litse-400x214.jpgКожаЗдравјеАко имате акни, митесери или друг вид кожни проблеми, најдобри лекови се оние на природна основа. Еве неколку предлози, а Вие изберете го она што ви одговара: Зелен чај Зелениот чај ќе ја заштити вашата кожа од различни неповолни надворешни влијанија. Подготовка: Во зовриена вода ставете зелен чај и оставете го така...Dijana IlievaDijana Ilievadijana.ilieva@nane.mkEditorНане.мк
Напишете коментар