Од почетокот на летото веќе помина мал период, а пазарите веќе се полни со сезонските богатства: Цреши, тиквички и се подразбир, пченка! Навикнати сме пченката да ја вариме во огромен сад со вода.

Но, бидејќи таквиот процес знае да одземе многу време, дури часови, денес ви откриваме генијален трик како да ја приготвите пченката брзо и притоа, без вода!

За да ја приготвите пченката, не е неопходно да ги отстраните нејзините листови. Едноставно поставете неколку парчиња пченка во чинија и истата поставете ја во микробранова. Гответе 5 минути, на полна моќност.

Теоретски, листовите ја задржуваат влагата внатре, поради кое пченката се готви во сопствениот сок. На крај од процесот, внимателно отстранете ги листовите, премачкајте ја пченката со путер и додадете малку сол.