Милиони жени ширум светот, козметиката наменета за секојдневието ја купуваат во аптека, сметајќи дека истата е гаранција за квалитетни резултати. Но, безброј пати е докажано дека домашното има помоќен ефект од купечкото.

Така, денес ви откриваме рецепт за неверојатна домашна маска, која е позната по нејзиниот фантастичен ефект во борбата против брчките. Се подоготвува многу лесно, а домашниот третман трае 2 недели, по кое брчките ќе бидат елиминирани, а кожата на вашето лице ќе биде видно затегната и блескава.

Домашна затегнувачка маска против брчки

Потребни состојки

  • 1,5 кафена лажица пченично нишесте
  • 1 кафена лажица исечени листови од нане
  • 1 кафена лажица изрендан градинарски чај
  • 150 мл вода
  • 10 капки арганово масло
  • 10 капки масло од јојоба
  • 1 капсула витамин Е
  • Половина кафена лажица кисела павлака со 33% масленост

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ги градинарскиот чај и нането, а потоа исипете 100 мл врела вода и оставете ја смесата да отстои половина час. Потоа, прецедете го растворот.

Полејте 1 кафена лажица нишесте со преостанатата студена вода. Поставете ја тинктурата од градинарскиот чај и нането на оган и мешајте додека смесата да зоврие.

Додадете го разреденото нишесте. Варете 3 минути, а потоа оставете ја смесата да се излади на страна.

Одделно измешајте половина кафена лажица нишесте и кисела павлака. Додадете ги и етеричните масла и витаминот Е. Исипете ја комбинацијата во горната изладена смеса и ќе ја добиете чудесната домашна затегнувачка маска.

Посакуваните резултати ќе ги добиете после 4-5 третман, а неопходно е третманот да го правите еднаш на секои две недели.