Тироидната жлезда е сместена во предниот дел на вратот, таа го обвиткува дишникот и произведува тироидни хормони потребни за регулација на метаболизмот и телото. Двата најзначајни хормони се тироксинот и тријодтиронинот.

Тироидната жлезда се нарекува уште и акцелератор, бидејќи има улога на орган кој го забрзува и го контролира снабдувањето на потребното ниво на шеќер во крвта. Покрај тоа, таа е прва што ја забележува секоја дисфункција на телото, оттаму алармира за постоечката појава.

Нарушената функција на тироидната жлезда може да доведе до хипотироидизам или хипертироидизам, што понатаму игра улога во намалување или зголемување на производството на потребни хормони за одржување на прав развој на телото.

Доколку забележите појава на осип на кожата, забрзано губење на тежина или надуеност потребно е да одите на лекарски преглед.

Како најчеста причина за нарушена функција на тироидната жлезда е секојдневниот стрес и чувството на напнатост. Многу фактори се поврзани кон тоа, најпрво природниот фактор на светлина. Човековиот организам има навика да работи под полна пареа додека е под дејство на оваа сетилна дразба, иако не прави разлика дали е тоа природна или вештачка светлина, во попладневните часови тој интензивно работи иако неговата работа би требало да биде забавена и да одмора. Оттаму, се создава чувството на замор, кое е проследено со стрес и постојана напнатост.

Ви претставуваме 2 природни рецепти за нарушена функција на тироидната жлезда:

За намалена тироидна функција:

  • 40 ореви
  • 2л. Ракија
  • 2 лажици шеќер

Се остава течноста да стои 6 недели, потоа се конзумира по 1 лажица секое утро.

За зголемена тироидна функција:

  • 3 гр. кантарион
  • 3 гр. пелин
  • 5 гр. бобинки од смрека
  • 1л. вода

Во сад со вода се оставаат сите состојки.  Течноста се подготвува од вечер, наутро и во текот на денот се пие.