Адвокат од Тексас случајно остави филтер за мачка вклучен за време на сослушувањето на Зум во Вторникот, со смеа му се обрати на судијата: „Јас не сум мачка“, додека избезумено се обидуваше да ја отстрани анимираната слика.

Забавната несреќа му се случи на адвокатот на округот Пресидио, Род Понтон, за време на сослушувањето во живо емитувано утрово за 394-от Судски окружен суд во Брустер.

Видеото започнува со тоа што претседавачкиот судија Рој Фергусон му вели на Понтон: „Верувам дека имате вклучен филтер во поставките за видео и можеби ќе сакате да го исклучите“.

Потоа се слуша како Понтон испушта „ахх“ во паника, бидејќи филтерот за мачки над лицето почнува да ги преместува очите напред и назад и ја поместува устата едногласно со неговиот глас.

„Можете ли да ме слушнете судијо?“, се слуша како прашува мажот-мачка Понто, а неговиот глас трепери.

„Тоа е филтер“, набрзина додаде Понтон. „И не знам како да го отстранам. Ја имам мојата асистентка тука, таа се обидува да, но аххх подготвен сум да продолжиме со ова. Јас сум тука во живо, не сум мачка“.

По овој момент, двете други лица присутни на сослушувањето, Х. Гибс Бауер и Џери Л. Филипс, почнуваат да се смеат.

Судијата Фергусон, сепак, успева да го задржи озбилен израз на лицето, велејќи: „Јас тоа го гледам“.

Судијата потоа започнува спокојно да му нуди на Понтон чекор по чекор водич за тоа како да го отстрани филтерот за мачиња, пред видеото да се нагло да прекине.

Оттогаш Понтон откри дека го користел компјутерот на неговата секретарка во канцеларија во Президио, велејќи му на Сан Антонио Експрес дека ова е првпат да се случи вакво нешто за осум месеци што тој го користи Зумот среде пандемијата.

„Сигурно не беше намерна работа да се стави сликата на мачката таму горе, но се случува“, се смееше тој. „Ако можам сите да ги насмеам за момент на моја сметка, ќе прифатам“.