Не случајно урдата се смета за еден од најкорисните млечни производи, поради што лесно може да се пронајде во секојдневното мени кај повеќето луѓе. Придобивките од нејзината редовна консумација се и повеќе од неверојатни.

Но, дали некогаш сте слушнале за лимонска урда? Да, ова необична комбинација е моќен извор на бројни лековити својства, кои имаат чудесен ефект врз човечкото тело: Ја подобрува мозочната функција и меморијата, ги зајакнува кардиоваскуларниот систем, коските и зглобовите.

Токму поради тие причини, лимонската урда уште се нарекува и „храна на стогодишниците“, а во продолжение прочитајте како да ја приготвите истата.

Лимонска урда

Потребни состојки

  • 1 литар пресно млеко
  • 1 лимон

Начин на подготовка

Исцедете го сокот од лимонот и исипете го млекото во тенџере, притоа поставете го на оган. Штом млекото ќе се затопли, но пред да зоврие, додадете го и сокот од лимон и брзо измешајте ги состојките. Веднаш потоа отстранете го тенџерето од оганот.

Одделете ја урдата од сурутката со помош на фина цедалка или газа.

Добиената смеса консумирајте ја пред секој оброк, без да додавате шеќер, за да го зачувате нејзиниот квалитет, но може да додадете мед или кисела павлака.