Сега и тенот ми е многу подобар и ќе продолжам да се грижи за исхраната, како и за здравјето на кожата.

Решив да го споделам својот експеримент во лекувањето на акни, но и за проблемите со кои бев соочена поради осуда и потсмев.

По долго омаловажување, решив да направам нешто за себе и конечно да воведам некои промени.

Освен дека вложував посебна грижа за мојата кожа, обратив внимание и на својата диета.

Прво почнав да експериментирам, за да одредам која храна ми се одразува лошо и тогаш сфатив дека шеќерот е еден од главните виновници што кај мене резултира со појава на акни и мозолчиња.

Освен шеќерите, на овој проблем негативно влијание имаа и јаглехидратите, а интересно е дека дури и оние кои се познати како здрави јаглехидрати (како ориз и овес), исто така, имаа лош ефект.

Кога престанав да ги консумирам, забележав неверојатни промени. Само три дена откако престанав да ја јадам оваа храна, а го зголемив внесот на масти (здрави масти) – мозолчињата престанаа да се појавуваат.

По краток период на тестирање на различни намирници, сфатив дека за здравјето на мојата кожа, најсоодветна е веганската исхрана.

Освен зеленчукот кој преовладува, не се лишувам и од слатки, но си ги правам по здрави рецепти, како што се колачиња од какао и путер од кикирики.

Кога ќе го исфрлите шеќерот од исхраната, вашите вкусови се менуваат и повеќе ја немате онаа силна потреба од благо.