Секоја жена има определен тип на мажи, кои најмногу ја привлекуваат. Некои дами претпочитаат мажи со нежен карактер, другите пак избираат помажествени херои т.е мачо тип.

Но, сите знаеме дека е исклучително тешко да се најде совршениот човек. Понекогаш, дури ниту жените не знаат точно каков треба да биде идеалниот маж за нив.

За денес ви предложуваме да откриете кој тип на маж е совршениот за вас и зошто. Погледнете ги фотографиите подолу и изберете еден од понудените мажи, кои го сметате за најпривлечен

1. Ерик Бана

Вие најмногу ја цените интелигенцијата и посветеноста. Тие фактори се најважните за вас, како дел од машката убавина. Основната работа која ја барате кај еден маж, е довербата. Вие сте една од оние жени кои имаат само една љубов во животот, вие сте чудесни, а во улогата на мајка сте подеднакво извонредни. Но, за да еден маж ве освои, тој прво треба да ја заслужи вашата доверба.

2. Крис Хемсворт

Кога сте вљубени, вие сакате со целото срце и душа. Но, свесни сте дека понекогаш луѓето се навикнати на вашата добрина и не ве ценат доволно. Во врската, најмногу ги цените романтичните гестови на партнерот, кој пак себеси се смета за среќник што пронашол жена како вас.

3. Бурак Очевит

Вие сте многу харизматична жена со силен карактер. Но, не сакате тоа да го покажувате во вашата врска, па затоа сакате да бидете со човек кој е посилен и подоминантен од вас. Вие сте многу страствена и искрена, а вашите очи можат да го шармираат секого. Претпочитате маж кој знае да ја преземе одговорноста за неговите постапки.

4. Џорџ Клуни

Сакате да се чувствувате удобно и заштитетно од вашиот партнер. Вие сте една многу разумна личност, која знае добро да ги процени работите и да му простите на вашиот партнер, кога вистински заслужил. Но, тоа не значи дека ќе простите сè, како изневерувањето и лагата.

Вие сте многу женствена и нежна, а воедно личност која може да пронајде решение за секој проблем.