Една идна невеста сподели фотографија од својот свршенички прстен и ги остави Интернет корисниците без зборови, но дефинитивно не поради блескавоста на скапоцениот камен.

Жената, која не е идентификувана, гордо го фотографираше и објави својот свршенички прстен, декориран со бројни мали дијаманти, кој блескаше на нејзината рака.

И додека нејзината цел беше да предизвика љубомора кај корисниците на социјалните мрежи, таа дефинитивно за краток временски период, успеа да привлече огромно внимание, а причината за тоа беа нејзините нокти.

Вештачките розеви акрилни нокти украсени со златна нијанса при врвовите, поради предолгиот временски период што ги носи, се поместиле на врвот од нејзините природни нокти.

„Изгледа ноктите се обидуваат да избегаат од неа“, „Не можам ниту да се фокусирам на прстенот, откако ги видов ноктите“, „Вообичаено ништо не ме изненадува, но сега сум оставена без зборови“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Фотографијата на жената предизвика бура урнебесни реакции, а беше споделена и низ голем број Фејсбук групи.