Царскиот рез претставува операција, при која бебето на хируршки начин се отстранува од стомакот на мајката.

Индуцираното породување, како што поинаку се нарекува царскиот рез, може да биде однапред планирано и може да биде исклучителна стресна ситуација.

Најчесто, царскиот рез е избор на интервенција на лекарите при специјални околности, при кои животот на мајката и детето се наоѓаат во опасност.

Во екстремни случаи, царскиот рез е и единствената опција за породувањето да биде успешно изведено. Но, се случува тоа да биде избор и на самите идни мајки, кои се сметаат дека не би можеле да се справат со болките и контракциите при природното породување.

Царскиот рез како таков е обвиткан во многу митови, но денес откриваме кои од нив се вистинити, а кои не, за да идните мајки се опуштат и без грижи, среќно да го дочекаат раѓањето на нивното бебе.

По што се разликуваат децата родени со царски рез?

1. Хиперактивност

Се смета дека царскиот рез е еден од факторите кои подоцна влијаат кај детето да се развие зголемена хиперактивност. Но, факт е дека овој мит е далеку од вистината, а преголемата хиперактивност родителите можат да ја избегнат со правилното воспитување на нивното дете.

2. Проблеми со психичкиот развој

Веднаш по царскиот рез, бебињата се носат на детален преглед кај педијатар и невролог. Но, идните мајки воопшто тоа не треба да ги загрижува, бидејќи тоа е само едноставна редовна процедура. Доколку кај детето се забележи бавен развој, тоа се должи на други фактори на влијание, но царскиот рез не е причината за тоа.

3. Физичка заостанатост

За изведување на царсиот рез не се потребни дополнителни посебни програми. Единствените компликации кои можат да настанат е појавата на артериска емоболија при системот за дишење, што може малку да го отежни дишењето за време на анестезијата.

Ризикот може да се зголеми доколку мајката е под поголем стрес и кога истата ќе нема време да го подготви телото за операцијата. Но, тоа не може да влијае во подоцнежниот развиток на физичките способности на детето

4. Често плачење

Огромниот стрес, предизвикан од самото раѓање, ги активира различните хормони и го зајакнува нервниот систем на детето. Кај бебињата родени со царски рез и кои не поминале низ тој процес, се јавува блага депресија на неврофизиолошките функции. Тоа може да биде ризичен фактор, но во ретки случаи.

5. Недостиг од млеко

Состојбата на мозокот на децата родени со царски рез, се нормализира на деветиот ден по нивното раѓање, за разлика од децата родени по природен пат, кај кои тоа се случува уште во првиот ден. Иако и функционирањето кај мајките може да биде малку нарушено од антибиотиците, тоа не влијае врз мајчиното млеко и истото ќе му овозможи хармоничен развој на детето, како и кај сите други деца.

И доколку чувствувате недостиг на млеко, тоа се должи на стресот низ кој претходно сте поминале.