Овен

Денес односите со околните нема да се особено стабилни. Вашиот партнер може да Ви соопшти вест, а потоа брзо да си го смени мислењето. Денес одвојте повеќе време за себе и не обрнувајте внимание на другите.

Бик

Денес ќе имате доста стрес во текот на целиот ден. Можеби ќе бидете водени од некакво претчувство или физички нема да се чувствувате добро. На дневен ред ќе имате комплексна задача за извршување. Штом успеете да ја завршите, не започнувајте со ништо друго.

Близнаци

Денот е добар за необични купувања. Посетете антикварници или продавници за подароци. Денес може да си дозволите да си купите нешто ретро за Вашиот дом или да обновите стар мебел. Ако најдете нешто соодветно за Ваш близок, подарете му го!

Рак

Во текот на целиот ден ќе бидете водени од емоциите – добри и лоши. Денот не е погоден да започнувате нов проект. На крајот на денот ќе се чувствувате весели и дури ќе сте убеди дека треба да правите  планови за иднината.

Лав

Денот е поволен за шопинг. Ако сте на долг пат токму денес, најдете време и за продавници. Ќе наидете на неочекувано добри зделки. Денес сите шанси ќе се на Ваша страна, да го најдете токму она за што одамна сонувате.

Девица

Денес околностите ќе се такви што може да изгубите нешто што сте нашле во скоро време. Ако изгубите нешто мило за срцето, не очајувајте. Секое зло ќе е за добро. Обидете се да го замените изгубеното со нешто ново и креативно.

Вага

Денес ќе бидете подготвени да направите компромис со деталите, но за сметка на тоа ќе го одложувате мислењето за важните нешта. Ќе нанесете финални допири на ризичен план кои ќе бидат исклучително оригинални и нетипични.

Шкорпија

Однесувањето ќе Ви биде резервирано, бидејќи сте иритирани од сите клишеа околу Вас. Со приближувањето на вечерта постепено ќе се смирите. Денес нема да можете да направите разлика помеѓу генијалното и обичното или новото и старото.

Стрелец

Утрото ќе сте расеани, но во раните попладневни часови ќе можете да се одморите. Вечерта оние од Вас кои имаат богата имагинација, ќе бидат привлечени од илјадниците можности. Внимавајте да не се вовлечете во нешто невозможно.

Јарец

Рано наутро со чаша кафе е најсоодветно време за размислување. Во моментов сте во период во кој се чувствувате силно привлечени кон некого. Ќе ги ставите потребите на другите пред вашите сопствени желби и обврски.

Водолија

Она што другите сакаат, може да Ве прогонува. Обидете се да ги исклучите чувства кога имате некоја работа да се заврши. Парадоксот денес е дека ќе биде полесно за Вас да дејствувате во тешки услови, отколку при поволни. Не се вовлекувајте во активности, во кои не можете да уживате.

Риби

Денес атмосферата Ве прави особено самоуверени. Користете го ова за добро расположение, за да ги нормализирате затегнатите односи со околните и да добиете некои попусти. Ова е особено важно ако се обидувате да го скротите семејниот конфликт. Можни се промени во живеалиштето за некој од Вас.