Млекото е ценет производ кој не може да биде заменет со никоја друга состојка. Како надополнување на неговите хранливи вредности, тоа има и чудесни лековити својства.

Неговиот состав варира во зависност од видот на животното, како и со каква исхрана се храни истото во текот на годината.

Во продолжение, денес ви откриваме како да го употребите млекото против упорната кашлица и брзо да ставите крај на овој непријатен здравствен проблем.

Народен рецепт против кашлица

Потребни состојки

  • 1 литар полномасно (се претпочитува домашно) пресно млеко
  • 1 мала главица кромид
  • 1 супена лажица путер
  • 1-2 супени лажици коњак
  • Прстофат сода бикарбона

Начин на подготовка и употреба

Поставете го млекото да зоврие, а потоа додадете го кромидот, претходно исечен на 4 делови. Варете ја смесата 5 минути. Следно, отстранете го млекото од оганот, оставете го лесно да се излади, а потоа додадете ги путерот, содата и коњакот и добро измешајте.

Пијте го млекото топло, не врело, а тоа најдобро е да го направите навечер. Неговиот вкус е специфичен, при што може да биде малку непријатен за консумирање, но чудесниот ефект нема да изостане и веќе следното утро кашлицата ќе исчезне.