Глутенот се нарекува тивок убиец бидејќи може да предизвика хронични оштетувања на телото, а понекогаш самите пациенти дури не се ни свесни за последиците од консумацијата на глутен.

Затоа најдобро е да направите проверка дали вашето тело не поднесува глутен. Еве кои се 4-те најчести симптоми за оваа појава:

1. Проблеми со дигестивниот тракт

Симптомите главно се поврзани со цревата: Гадење, подуеност на стомакот, дијареја, болки во стомакот, па дури и опстипација. Луѓето најчесто овие симптоми ги поврзуваат со други заболувања и на пациентите им се дава погрешна дијагноза за надразнети и нервозни црева. Токму поради ова, истите не добиваат соодветно лекување.

2. Необјасниви промени во телесната тежина

Чувствителноста кон глутен може да доведе до загуба или зголемување на телесната тежина, без видлива причина. Ова се случува поради воспалителните процеси на клеточно ниво и метаболичките нарушувања. Ненајдената промена во тежината може да биде пропратена и со други непријатни заболувања.

3. Хормонски дисбаланс

Постои директна врска меѓу нетолерантноста на глутен и хормонските нарушувања, кои може да се манифестираат како нередовен менструален циклус, ненадејни промени во тежината, ПМС и нарушен сон. Хормонските нарушувања предизвикани од нетолеранција на глутен може да се засилат особено за време на пубертет, бременост и менопауза.

4. Проблеми со кожата и ноктите

Кератозата и херпатиформен дерматит се две состојби на кожата, директно поврзани со нетолеранцијата на глутен. Симптомите вклучуваат чешање и осипи, кои може да се појават на рацете, торзото, лицето, колковите, лактите и косата. Други видлив симптом се кршливите нокти