Повеќе лавови живеат на т.н фарми во Јужна Африка, отколку што живеат во дивината.

Штотуку беа објавени анонимни фотографии кои ја покажуваат суровата реалност- каков е навистина животот на овие величествени животни.

Со активноста редуцирана само на лежење на сува и прашлива површина и консумирање ситни остатоци од месо, многу од лавовите во фармата за размножување „Пиеника“, сместена во северозападната провинција, било откриено дека немаат крзно и дека страдаат од манге, болест предизвикана од паразити, кои резултираат со губење на крзното.

Две мали лавчиња имале сериозни нарушувања, при што дури не можеле ниту да стојат самостојно. Друг лавови пак, биле сместени во преполни области, кадешто немале доволно засолниште ниту вода.

Оваа фарма е само една од 200 такви институции во Јужна Африка, кои профитираат на желбите на луѓето да ги видат големите животни во кафез.

Светското здружение за заштита на животинскиот свет најчесто вели дека туристите, мислејќи дека им помагаат на животните, донираат во овие фарми, кои тврдат дека таму на животните им ја даваат потребната заштита и услови кои ги немаат во дивината, а сето тоа е една голема измама, а фотографиите што сега беа јавно објавени го докажуваат тоа.

„Од лулка до гроб. Токму тоа тие го прават на прекрасните животни со нивниот ригорозен круг на размножување.“- велат од Организацијата.

Според истата, работите се влошуваат кога лавовите пораснуваат, при што додаваат:

„Кога ќе пораснат и веќе се опасни за контролирање, ги убиваат и со тоа пак профитираат, бидејќи нивните коски потоа се пренесуваат во Азија, кадешто ги користат за алтернативна медицина“