Пред 45 години, тогаш младиот Силвестер Сталоне се запозна со светот на Роки. Филмот, ликот, како и самиот актер, станаа легендарни и до денес, сите го знаат името „Роки Балбоа“.

Но, со филмот се прослави и парот на желки- Каф и Линк, кои во филмот, Роки ги купува во продавницата за миленици, каде што работеше Едриен, која во понатамошниот развој на филмот, му станува девојка.

На пријатно изненадување на сите, желките сè уште се живи и сè уште се дружат со славниот актер, дури и по 45 години од нивото прво запознавање.

Актерот ја објави фотографијата на социјалните мрежи и ги воодушеви сите!

Некои дури се пошегуваа дали желките можеби ќе живеат подолго од актерот, а сопственикот на оргиналната продавница, Џозеф Маркс ги чувал желките сите овие години. Како дошло до средбата на желките со стариот пријател Роки, сопственикот за медиумите изјавил:

„Сталоне снимаше ново продолжение на филмот на локација близу до мојата продавница. Долго време се мислев дали да отидам и да се поздравам со него, а на крај отидов и го прашав дали се сеќава на мене, по што тој одговори потврдно, а две недели подоцна, добив повик. “- вели Маркс.

Кога и самите режисери на филмот дознале дека желките се живи, одлучиле повторно да ги вработат за филмот.