„Кога влегов во кујна, мојата ќерка, која е тинејџерка, го крена погледот од телефонот и ме погледна доволно долго, при што ми рече „Го носеше тој фустан вчера!“. „Да и денот пред тоа, ужасно!“- додаде мојата друга ќерка.

Но, тие ништо не виделе. Го носев фустанот цела недела, каде и да отидев и бев сосема среќна во истиот, без тој апсурден тинејџерски притисок дека секој ден мора да си во различно.

Фустанот сам по себе беше беспрекорен, а изгледаше и мирисаше свежо како цвет.

Перцепцијата на моите ќерки беше проблемот: „Како е возможно фустан кој не е исперен, да биде чист и да мириса чисто?“, сакаа да знаат.

Претпоставувам и вие посакувате да го знаете одговорот на ова логично прашање.

Овој фустан е изработен од фина мерино волна, не подебела од памук на обична блуза и доаѓа од американската компанија „Wool&“, која продава волна. Компанијата е всушност еден од најновите еколошки брендови чија цел е да изработува облека за која ќе биде потребно многу мала грижа и перење.

Фустанот има класичен и елегантен дизајн, а во текот на целата недела додека го носев, го тестирав на буквално сите временски промени, од влажност, бура и високи температури, како што е типично променливо времето во Британија.

Бизарно, фустанот правеше токму како што дизајнерите ми рекоа дека ќе биде- ја регулираше мојата телесна температура. Волната по природа е создадена да ги лади овците во лето и да ги топли во зима.“- вели една од кандидатките која доброволно го прифатила предизвикот на компанијата.

Односно, компанијата била самоуверена во нивната волнена технологија дека нема да биде потребно перење на фустанот, па така ги предизвикала сите жени, за да се тестира и практично идејата.

Се пријавиле 50 жени, од кои само 13 успеале да го завршат успешно предизвикот, а една дури го носела фустанот неверојатни 100 дена.

Експериментот бил малку бизарен и екстремен, но на крај и успешно докажан. А тоа е одлична вест за сите кои го претпочитаат практичниот и економичен начин на живот.

Волната ефикасно ја апсорбира потта и ја преобразува и испарува во воздухот, пред истата да започне да предизвикува непријатен мирис на телото. Исто така, волната е 6 пати повеќе издржлива од памукот и отпорна на тоа да се стутка. Но, волната е и чудесен еколошки материјал, бидејќи е биоразградлива и не испушта пластични микрофибер влакна, кои инаку им наштетуваат на машините за алишта.

Таа може да трае со години, а за нејзино чистење да ви бидат потребни многу малку вода и детергент.

Моделот на фустанот кој е познат како „Rowena“ чини 115 евра и е достапен на следниот линк.

Истиот може да го најдете во повеќе бои.