Како да се спасиме од летните горештини? Најверојатно на сите прво нешто што им паѓа на ум е да си купат сладолед. Сладок и освежителен, сладоледот е омилениот десерт и на децата и на возрасните.

Доколку не сте љубител на купечките производи, кои знаат да бидат полни со конзерванси, вештачки бои и ароми, тогаш овој едноставен и елегантен рецепт за домашен сладолед е вистинскиот за вас!

Се подготвува од само 3 состојки, а се карактеризира со својата совршена текстура, која е подобра и од онаа на сладоледите во маркетите.

Потребни состојки

  • Слатка павлака
  • Кондензирано млеко
  • Чоколада

Количеството на состојките е по ваша желба, односно колку повеќе додадете од истите, толку повеќе смеса т.е сладолед ќе добиете.

Начин на подготовка

Додадете ја слатката павлака во длабок сад користејќи миксер, добро изматете ја истата, сè додека не добиете бујна текстура и маса. По употребата на миксерот, смесата треба да се речиси двапати поголема.

Во изматената павлка, постепено додавајте го кондензираното млеко, притоа истовремено мешајќи ја смесата. Бидејќи сладоледот на вкус е доста благ, може да додадете помалку кондензирано млеко.

Добиената смеса складирајте ја во сад.

Потоа, на водена пареа, стопете ја чоколадата или истото може да го направите побрзо, доколку имате микробранова печка.

Во однос на количеството, наполнете колку што е потребно хартиени чаши со чоколадата т.е внимателно распространувајќи ја на ѕидовите од истите.

Поставете ги чашите во замрзнувачот, да отстојат 10 минути, за да се зацврсти чоколадата.

Потоа секоја од чашите, наполнете ја со сладоледот и на средина поставете стапче. Вратете ги чашите во замрзнувачот да отстојат 5 часа или најдобро во текот на целата ноќ.

Кога сладоледот ќе биде готов за консумирање, внимателно одлепете ја хартиената чаша од истиот и извадете го сладоледот.

Сега знаете како да си подготвите совршен домашен сладолед од малку состојки, а со врвен изглед и вкус.

Истовремено, доколку не сте љубител на чоколадата, не е неопходно истата да ја ставате во рецептот.