Сокот од лимон е честа состојка во многу вкусни јадења, во кои се користи како зачин, природен оцет и слично. Покрај во сите специјалитети со риба, неретко лимонот се среќава и во уникатните десерти, меѓу кои и популарниот крем од лимон.

Денес ќе ве израдуваме и ќе споделиме со вас еден чудесен начин како максимално да го исцедите природниот сок од лимонот. Благодарение на овој практичен трик ќе добиете 30-40% повеќе течност од вообичаено.

Како да добиете повеќе сок од лимонот

Основната задача е да го загреете лимонот. Тоа ќе ги отвори мембраните, кои го држат сокот во средината на овошјето. За оваа цел, земете еден плод, пробијте го истиот на неколку места и така поставете го во микробрановата на 20 секунди.

Следно, откако ќе го извадите лимонот, со дланката нежно притиснете го од сите страни, а потоа исечете го плодот на половина и лесно исцедете го сокот и од двата дела.