Со помош на какаото не само што може да ја задоволите вашата потреба за благо, но и значително да ја подобрите вашата коса. Маските за коса на база на какаово масло ја обновуваат и зајакнуваат структурата на косата.

Покрај тоа, маслото ги обновува и зајакнува и корените, го стимулираат растот и стават крај на косопадот. Токму поради неговиот моќен ефект, во продолжение ви претставуваме еден чудесен рецепт за домашна маска, благодарение на која ќе ставите крај на вашите проблеми со косата и истата конечно ќе добие совршен изглед.

Маска за сува, кршлива и бојадисана коса

Потребни состојки

  • 1 супена лажица какаово масло
  • 1 супена лажица масло од корен од чичок
  • 1 супена лажица кисело млеко
  • 1 жолчка

Начин на подготовка и употреба

Затоплете го маслото од чичок и какаовото масло на воедна пареа до температура од 35-40°C. Кон маслата, додадете ги киселото млеко и жолчката и добро измешајте ги состојките.

Нанесете ја смесата врз неизмиена коса, почнувајќи од скалпот кон краевите, притоа употребувајќи четка за коса, за правилно распространување на маската.

Поставете капа за туширање и завиткајте ја главата во крпа, притоа оставајќи ја маската да дејствува 1-1,5 часа. На крај исплакнете со топла вода и шампон. Практикувајте го третманот 1-2 пати неделно.