Ново истражување докажа дека паметните луѓе стареат побавно, а еве и зошто е тоа така.

Според истражувањето, интелигенцијата не е само сојузник во барањето на најдобрата работа со висока плата или идеалниот партнер. Сега научно докажано е дека паметните луѓе стареат побавно.

Истражувањето, објавено од Британското здружение на психолози, докажува дека луѓето со висока интелигенција изгледаат помлади. Тие исто така се поголеми оптимисти кога стареат.

Во истражувањето учествувале 4494 доброволци и научници од Лион, Флорида, Билефелд и Монпелие и притоа заедно со интелигенцијата, биле анализирани нивото на образовение, карактерот, способностите и здравствената состојба, сега, како и во текот на годините додека биле во средно училиште и факултет.

По собирањето на податоците, било докажано дека луѓето кои развиле повисока интелигенција во текот на нивната младост на постари години изгледаат многу помладо од нивната реална возраст и се чувствуваат значително поенергични и полни со живот и имаат позајакнато невролошко здравје.

Односно тајната на нивниот младешки изглед не е само здравиот начин на живот, квалитетниот сон и останатите здрави навики, туку и интелигенцијата, која им помага да размислуваат млада, па така, тоа да се рефлектира и врз нивниот надворешен изглед.

Дали вие познавате некој повозрасен човек, кој изгледа многу помладо и е секогаш полн со оптимизам?