Дали некогаш сте погледнале некого и сте помислиле: „Тој е толку среќен, има пари, има долга врска, има одлична кариера… Кога мене вака добро ќе ми оди?

Или некогаш мислите дека едноставно немавте толку среќа да се родите под среќна ѕвезда и во богато семејство? Едноставно немавте среќа да бидете на вистинското место во вистинско време. Се разбира, не можете да изберете дали ќе се родите во богато семејство, но можете сами да го создадете.

Богатството на „среќните луѓе“ не е предуслов за среќа. Тие се „среќни“ затоа што размислуваат поинаку и преземаат одредени активности за таа цел

Еве ги причините зошто некои луѓе имаат среќа во животот од другите:

1. Работат напорно и тивко. Затоа што НЕ се фалат. Тие не ги објавуваат своите успеси јавно. Тие не користат социјални мрежи за каква било фалење затоа што среќните луѓе се зафатени со вистинска работа.

2. Опкружени се со позитивни луѓе, бидејќи животот и онака е веќе доволно тежок, има вишок на негативни луѓе кои само го отежнуваат и забавуваат приливот на позитивна енергија.

3. Секој ден го започнуваат со позитивни мисли. Тие ги избираат вистинските зборови и постапки, имаат одредени ритуали со кои ќе го започнат денот. Медитации, молитва или утринска шолја кафе испиена во мир.

4. Среќните луѓе не се оптеретуваат со секојдневни теми кои се заморни, не размислуваат за оние работи што не им се важни.

5. Среќните луѓе имаат јасна цел да им обезбедат на своите деца повеќе, отколку што тие имале, подобри услови за растење отколку оние во кои тие пораснале. Тие имаат магнет што ги приближува до целта.

6. Тие ја прифаќаат секоја ситуација. Никогаш не велат: „Лошо е во моментов“, велат: „Секогаш е добро, овде и сега“. Тие знаат дека идеалното време никогаш нема да дојде, освен ако не изградат свој пат.

7. Никогаш не им даваат значење на луѓето кои постојано критикуваат и не сакаат такви во нивната околина. Среќните луѓе немаат време за љубомора и омраза. Тие немаат време да одговораат на лошите коментари, среќните луѓе само се насмевнуваат и продолжуваат да одат напред со крената глава.

8. Среќните луѓе чувствуваат повеќе отколку што мислат. Тие честопати се водени од нивниот внатрешен инстинкт и работат со чувство. И кога ќе се најдат во тешки околности, немаат проблем дали да му се покоруваат на умот или срцето. Среќните луѓе секогаш се водат од срцето, а не од умот.

9. За нив, фокусот е целта, а не планот. Плановите можат да се променат. Дури и најдобриот план може да биде прекинат, но целта не може.

10. Среќните луѓе не живеат во минатото, тие се фокусираат на сегашниот момент, ги насочуваат своите напори на она што можат да го контролираат тука и сега. Без грижи за вчера или утре.

11. Веруваат во себе, не се арогантни. Среќните луѓе мислат дека секој ја има таа внатрешна сила.

12. Тие знаат дека патот до успехот не е секогаш права линија, туку амплитуда со постојани подеми и падови.

13. Среќните луѓе го третираат животот на долг пат, тие знаат дека животот не е право, туку дар. Тие се благодарни за сè што животот им го дал.