Џулија и нејзиниот сопруг Марк се во брак веќе 5 години и заедно имаат момче и девојче, но децата воопшто не наликуваат на родителите. Полн со сомнежи зошто е тоа така, Марк одлучи да направи ДНК тест.

Најпрво се роди нивниот син, а откако се роди и нивната ќерка, девојчето исто така не наликуваше на ниту еден од родителите. Мажот едноставно не можел да сфати зошто децата изгледаат сосема поинаку, кога тој и Џулија се навистина атрактивни на изглед. Во уште поголем сомнеж го оставиле резултатите од тестовите, кои докажале дека тие навистина се негови деца.

Марк долго време размислувал и се досетил дека бабата, односно мајката на Џулија воопшто не сакала внуци и сето тоа му било премногу чудно. Токму затоа решил да ја посети и да открие дали станува збор за некаква тајна.

Жената најпрво не сакала да ја каже вистината, но сфаќајќи дека Марк нема да се откаже толку лесно, решила да му открие сè, поточно да му покаже. Бабата го донела албумот со детски фотографии од Џулија и тогаш на Марк му станало сосема јасно.

Џулија во детството била нарекувана грдото пајче и кога пораснала направила низа пластични операции за да денес изгледа совршено, а нејзините деца всушност наликувале на вистинската Џулија, пред пластичните операции. Мажот едноставно не можел да ја опрости ваквата измама и веднаш поднел барање за развод.

Што мислите вие, дали Марк постапи правилно?