Преку разни истражувања, експертите дојдоа до научно објаснување зошто човекот мириса кога ќе остари. Специфичната мирис која се јавува е природен дел од процесот на стареење, како што се и самите брчки.

Карактеристичната мирис која се јавува кај повозрасните лица, настанува како резулат на биохемиски промени кои настапуваат со самата возраст. Станува збор за супстанца позната како „2-nonenal“, чие количество во организамот се зголемува со текот на возраста, но самата причина зошто е тоа така, е сè уште непозната за научниците.

Nonenal важи за масно соединение, при што дури и при темелно миење на телото и висока хигиена, кога човекот е веќе стар, невозможно е да се отстрани специфичната мирис.

Со тоа научниците објаснуваат дека мирисот не значи лоша хигиена, туку дека телото едноставно го доживува својот процес на стареење.