Посетата на гинеколог претставува не толку пријатно искуство за повеќето дами, но сепак е обврска која задолжително мора да ја сторат, со цел да го заштитат и проверат нивното интимно здравје.

Иако при прегледот жените не претпочитаат да споделуваат премногу за својот интимен живот, сепак еве кои работи може гинекологт да ги открие за вас, но за кои нема веднаш отворено да зборува:

1 Дали страдате од некаква сериозна болест

Во текот на редовниот преглед, лекарот ќе провери дали имате белези на меланом и потенцијални предвремени канцерогени промени на кожата како склерозирани ткива и атрофичен вулвовагинит, кои често не се манифестираат преку видливи симптоми.

Гинекологот може веднаш нема да соопшти при прегледот било каков заклучок, но секако доколку забележи нешто вон нормалното, ќе разговара отворено со својот пациент.

2 Дали практикувате домашни третмани за лекување

Кога ќе се појави инфекција, 70% од жените сами се сами да се лекуваат, во домашни услови, особено кога станува збор за бактериска вагиноза. Затоа, за да не си наштетите уште повеќе, отидете на лекар и консултирајте се со вашиот гинеколог.

3 Каков интимен однос преферирате со вашиот партнер

Иако повеќето пациентки се чувствуваат непријатно да зборуваат за детали од нивниот интимен живот, сепак самите лекар при прегледот може да откријат многу работи.

Така, тие може да утврдат дури дали и вашиот партнер претпочита груб интимен однос и дали користите додатни играчки. Сосема малите повреди на вагиналниот отвор може да бидат доказ за ова.

4 Дали имате проблеми со уринирањето

Во текот на прегледот, гинеколозите кои се специјалисти во таа област, може да утврдат дали вашите мускули ослбнале до точка при која се развила инконтиненција, односно неволно испуштање на урина.

Тоа е уште еден здравствен проблем за кој дами се срамат да зборуваат.