Дезодорансот е совршеното решение за непријатниот мирис под пазувите, но честопати поради неговата неправилна употреба, на облеката настануваат бели дамки кои го уништуваат нашиот изглед.

Токму за оваа цел, денес ви откриваме неколку лесни домашни начини како да го решите овој здодевен секојдневен проблем.

Лесни трикови за отстранување на бели дамки од дезодоранс, од облека

За оваа цел, ќе ви помогне и обичен домашен сапун. Најпрво потопете ги во вода замастените места, истријте ги со сапунот, а потоа поставете ја облеката во машината, да се пере на вообичаениот начин.

Доколку дамките се потврдокорни, тогаш потопете ги алиштата во раствор со вода и сол, на 1 час, а потоа исплакнете со топла вода.

Исто така, за ваквите дамки од голема помош ќе ви биде оцетната киселина или сокот од лимон. Оставете ја облеката потопена во било која од овие две состојки, а потоа исперете ја на вообичаениот начин.