Следното кратко видео содржи златен трик како за буквално помалку од 1 минута да излупите варено јајце, без притоа да ја оштетите неговата белка.

Сè што ќе ви биде потребно е една чаша, во која треба да го поставите вареното јајце. Чашата наполнете ја со вода, до самата средина на јајцето.

Потоа, покријте го отворот на чашата со вашата рака, поставете ја чашата во хоризонтална положба и со поголема брзина, придвижете ја чашата напред и назад. За тоа време, лушпата на јајцето веќе сама ќе се отстрани.

Подетално, погледнете го чудесниот трик во видеото подолу: