Во осумнаесеттиот век, модата се сменила и бенките над усните се сметале за знак на страстна природа. Жените лишени од „знакот на страст“ сами си ставале лажни бенки над усните, градите или пак рамената. Денес бенките најчесто се поврзуваат со меланомот- еден од најагресивните видови на рак на кожата. И ова го објаснува зголемениот интерес за нив, како и појавата на бројни митови.

Скината бенка, што треба веднаш да направиме?

За оваа прашање се консултиравме со Д-р Анета Кокалеска Петрушевска, специјалист дерматовенеролог од Дерматолошко естетската ординација Д-р Анчевски. Еве што велат специјалистите на оваа тема:

„ 1. Најпрво што треба да се направи е да се посети дерматолог, кој би препорачал соодветна крема за заздравување и после 1 – 2 недели да се направи компјутерска дерматоскопија, а потоа промената редовно да се следи.

2. После извесно време да се направи биопсија на местото на повредата за да се докаже евентуално диспластичен процес предизвикан од повредата.

3. Целосно да се отстрани со радиофреквенција или хируршки, а потоа хистопатолошки да се процени извадениот материјал.“

За жал ова не е единствената дилема кога станува збор за бенките. Многу луѓе имаат погрешни верувања и погрешно ги толкуваат знаците кои им ги дава нивното тело.

На пример првата и најголема грешка е што многу луѓе веруваат дека отстранувањето на бенките е опасно. Овој стабилен мит е поврзан со страв од меланом, т.н. феномен на метастази карактеристични за некои малигни неоплазми. При отстранување на големи меланоми, во некои случаи постои повреда на деликатната рамнотежа помеѓу туморот и имунолошкиот систем на неговиот носител. Но бенките не се меланом. Ниту еден дерматолог нема да ви отстрани бенка без претходно да ѝ изврши детален преглед. Значи со денешната технологија која може да се најде во современите ординации, отстранувањето на бенките не е опасно.

Народната медицина е сѐ уште прилично распространета на нашите простори, затоа некои луѓе веруваат дека таа е соодветен начин за да се намалат или отстранат некои бенки. Како на пример користат оцет, лимон, лук. Ваквите „методи“ можат да го зголемат ризикот од рак доколку станува збор за таква бенка или пак да предизвикаат иритација. Затоа повторно нагласуваме дека дерматологот треба да е првото и единствено решение кога станува збор за бенките.

Да, точно е дека е нормално едно лице да има голем број на бенки низ телото, но овие лица треба да одат на почести проверки кај дерматолог. Исто така постои верување дека се отстрануваат само опасните бенки затоа што „мора“. Сепак модерната дерматохирургија нуди можност за отстранување на бенки од естетски причини, без при тоа здравјето да ви биде во опасност.

Во просек, едно возрасно лице има околу 30 бенки. 80-90% од нив се јавуваат пред 25-годишна возраст. Дури и кај идентични близнаци, бенките се на различни места, а да не зборуваме за обични браќа и сестри. Британските научници дошле до заклучок дека колку повеќе бенки има некоја личност толку е поголема веројатноста дека нивната ДНК ќе има специјални механизми за да ги заштити од стареење. Луѓето со голем број на бенки, иако се изложени на ризик од карцином, од друга страна, имаат можност да живеат подолго.

Едноставна посета на дерматолог може да ви помогне да го откриете карциномот во рана фаза и да се излечи. Дерматолошко естетскатата ординација Д-р Анчевски ви нуди професионални прегледи и врвна дијагностика со најсовремените апарати, со што нема повеќе да се грижите за ниту една необична бенка на вашето тело. Закажете си консултации и ставете го вашето здравје на прво место.