Секој порано или подоцна се соочил со ситуација при која одводот во бањата се затнува поради наталожени остатоци од влакна, кои паѓајќи во сифонот се заплеткуваат со текот на времето и го спречуваат истекувањето на водата.

Проблемот може да биде доста непријатен, но денес ви откриваме како брзо и лесно да го решите и тоа само со помош на обично пластично шише.

Што треба да направите?

Отстранете ја етикетата од шишето. Исечете шаблон од весник – долга лента со ширина од 2 центиметри, а потоа залепете го шаблонот на дното и завиткајте ја хартиената лента околу шишето како спирала.

Користете маркер за да ги одбележите цртите на лентата.

Исечете го шишето следејќи ги линиите на нацртаните спирали, притоа движејќи се од грлото кон дното на шишето.

Исечете мала дршка од дното на шишето.

Главната цел е да се изработат запци, со помош на остри ножици, направете засеци под агол од 45 степени. Запците треба да бидат насочени кон нагоре и да функционираат и од двете страни на пластичната лента со еднакво растојани меѓу себе (30-35 мм).

На крај внимателно спуштете го пластичниот дизајн во одводот, држејќи за рачката, а потоа бавно повлечете го нагоре и така ефикасно, брзо и лесно ќе ги извадите наталожените влакна.