Диетата со тиква е идеална за оние луѓе кои бараат начин како брзо да ослабнат, но истовремено да ги зачуваат потребните витамини и минерали во организамот.

Се препорачува истата да се практикува во временски период од 2 недели, а во продолжение детално прочитајте го менито за 4-те дена:

Прв ден

Појадок: Салата од тиква со моркови и сок од лимон, овесна каша приготвена со тиква и јаткасти плодови по ваш избор

Ручек: Зеленчукова супа со тиква (Моркови, пиперки, домати, лук и мал компир)

Вечера: Печена тиква

Втор ден

Појадок: Салата од тиква и овесна каша со тиква

Ручек: Зеленчукова супа

Вечера: Овошје по ваш избор

Трет ден

Појадок: Овесна каша со тиква и зеленчукова салата

Ручек: Зеленчукова супа (Без компири)

Вечера: Потпечено парче леб и салата од тиква и ананас

Четврт ден

Појадок: Овесна каша со тиква и зеленчукова салата

Ручек: Зеленчукова супа и печени пиперки

Вечера: Салата од тиква, зеленчуци и печурки

На петтиот ден започнувате со повторување на целосното мени, односно повторно почнувате со мени исто како за првиот ден.

Едноставната, а ефикасна диета со тиква не носи несакани последици, но сепак не се препорачува да ја практикуваат луѓе кои страдаат од заболувања на дигестивниот тракт.