Една од највпечатливите карактеристики на женското тело е способноста да носи во себе друг живот. Но не само тоа, женскиот организам е исполнет со многу други уникатни особини, за кои можеби ниту жените не знаат.

Следуваат 9 факти кои докажуваат дека женското тело е полно со чудни, но и чудесни изненадувања:

1. Едната града е секогаш поголема од другата

Ниту една жена нема апсолутно симетрични гради. Разликата во големината може да биде непримелтива, кај некои малку повеќе видлива, а за тоа причините можат да бидат бројни. На пример, може да има разлика во волуменот на ткивото, големината и обликот на градата, па дури разлика може да направи и различната еластичност. Како и да е, не е нешто за што би требале жените да се загрижат, бидејќи е сосема нормална појава.

2. Телото на жената драстично се трансформира за време на породувањето

Раѓањето на дете е навистина тешка работа, а жените можат тоа да го потврдат. Покрај доживувањето ужасна болка, телото на жената доживува и многу промени. Една од нив е отварање на грлото на матката.

За време на породувањето, од мал отвор, грлото се отвара целосно да овозможи излегување на бебето. За таа цел, грлото треба да биде отворено до 10 центиметри, а може и да продолжи да се шири за да се приспособи на големината на главата на бебето.

3. Жените подобро се справуваат со болка

Факт е дека жените искусуваат повеќе болка од мажите. Но, не се работи за тоа колку се силни, туку начинот на кој функционира нивниот мозок.

Истражувања покажале дека мажите и жените на различен начин се сеќаваат на минатата болка. Додека мажите се повеќе под стрес и сензитивни, жените на болката побрзо забораваат. А докажано е дека јачината на една болка е за 9 пати поголема кај жените во однос на мажите.

4. Жените се многу вешти во зборувањето

Кога станува збор за изразување, жените немаат конкуренција. А всушност за тоа постојат и анатомски објаснувања: Жените имаат поголем преден дел во мозочната кора, дел од мозокот одговорен за јазичните способности.

Жените исто така имаат повисоки нивоа на FOXP2, или т.н јазичен протеин. Огромното количество на истиот им овозможува на жените да изговараат 20.000 зборови дневно, односно 13.000 зборови повеќе од мажите.

5. Жените имаат поголема мускулна издржливост

Некои истражувања покажале дека издржливоста на жените при вежбањето е за 75% поголема за разлика од издржливоста на мажите. Се верува дека тоа се должи на хормоните, односно естрогенот кај жените ги прави нивните мускули поотпорни на замор.

6. Кожата на жените е многу чувствителна

Вообичаено, кожата на жените е за 25% потенка од кожата на мажите, што ги прави многу почувствителни на допир и други видови на стимулации. Но, оваа нивна карактеристика има и своја негативна страна. Поради истата, жените се посклони кон појава на акни, брчки и можат побрзо да стареат.

7. Расположението на жените зависи од нивните хормони

Сите жени веќе добро ги познаваат симптомите на ПМС. Но, не секоја жена е свесна дека е под влијание на менстуралниот циклус секој ден од месецот. Бидејќи нивото на хормони постојано се менува во телото и мозокот, така се менува и нејзиниот изглед, нивото на енергија и чувствителност.

На пример, 10 денови по започнувањето на циклусот и пред овулација, жените се чувствуваат посмело и позаводливо. Во тие денови тие се облекуваат попровокативно за да го привлечат нивниот партнер. Една недела подоцна, поради повторнат хормонска промена, претпочитаат да седат дома и со шолја чај, да уживаат во прегратките на својот партнер.

Веќе следната недела тие се почувствителни и лесно се иритираат од многу работи. Лошото расположение го достигнува својот врв12-24 часа пред доаѓањето на менструацијата.

8. Жените двапати минуваат низ адолесценција

Вториот период на адолесценција за жените или период на пред-менопауза се случува во нивните 40-те години. Често се карактеризира со нередовни менструални циклуси, ноќни препотувања и непријатни хормонски промени. Хормоните толку можат да се променат, при што жената дури може да се однесува дрско како еден тинејџер.

9. Жените се експерти во читање на лицата на другите луѓе

Од моментот кога се родиле, жените ја имаат оваа способност, совршено декодирајќи ги туѓите чувства и мисли. Тоа им помага да бидат одлични во комуникацијата, а воедно имаат супер меморија.