Од неодамна научниците открија дека понекогаш поздраво е да седиме со наведнат свиткан грб, наместо со исправен. Додатно, работењето во козметички салон за правење нокти е подеднакво штетно како работењето во нафтената индустрија.

Ако сакаме да бидеме здрави и да имаме долг живот, треба да бидеме упатени за најновите научни откритија во медицината, бидејќи истите можат драстично да го променат сето она што досега сме го знаеле.

Во продолженија следуваат 10 од најновите научни медицински откритија:

1. Апендектомијата може да доведе до појава на Паркинсова болест

Експерти од Кејс Вестерн, од Кливленд, ја анализираа медицинската база на податоци која содржи информации за 63 милиони корисници. При анализата беше откриено дека луѓето кои имале апендектомија т.е отстранување на апендиксот, трипати повеќе биле склони кон добивање на Паркинсова болест. Иако, експертите сè уште ја утврдуваат врската меѓу овие две здравствени состојби, факт е дека на некој начин се поврзани.

2. Работењето во козметички салон за правење нокти е подеднакво штетно како работењето во нафтената индустрија

Научниците од Универзитетот во Колорадо потрошија 1.5 година проучувајќи го квалитетот на воздухот во 6 различни салони за нокти, низ целата држава. При истражувањето, беше анализирано нивото на концентрацијата формалдехидите како бензен, толуен, етилбензен и ксилен. Беше откриено дека нивото на овие токсични елементи во салоните е многу повисоко од нормалното, при што работењето во таквите салони може да резултира со појава на рак на хранопроводот, леукемија и други видови на рак.

Истовремено, беше спроведена анкета меѓу вработените при што се откри дека повеќето од нив страдаат од иритација на очите и кожата, како и чести главоболки. Експертите пресметаа дека личност која постојано вдишува ваков токсичен воздух, во наредните 20 години, има за неверојатни 100 пати повеќе шанси да добие рак.

3. Сината LED-светлина е штетна за очите

Француските експерти од Меѓународната Агенција за храна, открија дека сината LED- светлина која се емитира од лампите и разните уреди има штетно влијание врз нашите очи. Поконкретно, оваа светлина доведува до нарушување на циркадиските ритми и штетно влијае врз мрежницата на човечкото око. Опасноста е особено голема за децата, бидејќи нивните очи сè уште не се целосно офомени.

4. Рапоредот на исхрана е подеднакво важен како дневниот распоред

Лекарите се свесни и предупредуваат дека работењето во доцните ноќни часови доведува до хронично нарушување на циркадиските ритми, што пак автоматски ги зголемува шансите од кардиоваскуларни заболувања, како и појава на дијабетес тип 2.

Експертите од Кембриџ и универзитетите во Мачестер открија дека распоредот на личност за јадење исто така може да доведе до истите горенаведени здравствени проблеми, а тоа особено може да се случи доколку личноста често јаде во часови кои не се вообичаени за истата. Ако не се храниме во правилното време, нашето тело ќе започне да не разликува што е ден, а што ноќ, што ќе резултира со огромни штетни последици по нашето здравје.

5. Кремите за сончање се многу поопасни отколку што мислиме

Група американски експерти спроведе мало клиничко тестирање, кое вклучуваше 24 волонтери, подеднакво мажи и жени. Во текот на периодот кој следуваше, учесниците, 4 пати дневно нанесуваа лосиони, креми и спрејови за сончање со заштитен фактор. Наредната дела им беше направена анализа на крвта, но резултатите воопшто не беа добри. Се откри дека честото користење на овие козметички производи доведува до сериозно покачување на нивото на активни елементи во крвта, а во дел од случаите, било забележано дека активните елемент во крвта на кандидатите се покачиле за дури 400 пати повеќе од нормалното.

Истовремено, сепак научниците велат дека не треба да престанеме да ги користиме кремите за сончање, бидејќи пак, без нив, се зголемуваат шансите за појава на рак на кожата.

6. Електронските цигари полека го убиваат човечкото срце

Лекарите од Медицинскиот универзитет во Масачусетс спроведоа истражување кое покажа дека електронските цигари се крајно штетни за крвните садови во срцето, а се откри дека различните вкусови предизвикуваат воспаление, кое пак за одредени крвни клетки во срцето е со фатални последици. Истовремено, научниците открија директна врска меѓу електронските цигари и срцевиот удар.

7. Не треба секогаш да седите со исправен грб

Се веруваше дека правилното седење значи седење со исправен грб. Но, неодамнешни истражувања покажаа дека тоа верување е сосема погрешно. Долго време се сметаше дека седењето со наведнат свиткан грб му штети на ‘рбетот, но физиотерапевтите од Универзитетската болница во Стоктон, спореведоа свое истражување и притоа докажаа дека седењето со благо искривување е добро и здраво за оние кои страдаат од болка во долниот дел од грбот.

8. Навлажнувачите на воздух нè штитат од грип

Научниците од Универзитетот Јејл открија дека навлажнувачите на воздух влијаат позитивно и го поттикнуваат телото да реагира и да се заштити од присутните грип и настинка. Експертите, истражувањето го спроведоа врз лабараториско глувче со вештачки грип сличен на човечкиот. Животните кои беа изложени во простории со помало ниво на влажност беа посклони да се заразат со вештачкиот грип, за разлика од глувчињата кои беа изложени во простории со висока влажност.

9. Свиткување и крцкањето на вратот е многу опасно за вашето здравје

Лекарите предупредуваат дека доколку често го свиткуваме вратот како дел од нашето утринско протегнување, тоа може да резултира со појава на сериозни здравствени проблеми. Во тие ситуации, лекарите го посочуваат примерот со 28-годишниот Џош Хардер, кој при едно такво свиткување на својот врат, паднал на земја и неговото тело целосно се вкочанило, а истовремено доживеал сериозни проблеми со видот, а дури во болницата било откриено дека Џош доживеал мозочен удар.

При свиткувањето на вратот Џош ги искинал артериите кои се сместени во вратната коска, точка каде што се поврзува вратот со черепот. Иако по неколку дена бил отпуштен од болница, тој и денес има последици од тој настан.

10. Вежбањето е поефективно во утринските часови

Ново истражување спроведено од научниците на Калифорнискиот универзитет, докажале дека вежбањето е далеку поефикасно доколку се прави во утринските часови, наместо во вечерните. Наутро, нашите клетки внесуваат многу поголеми количества на кислород и метаболизамот е многу поактивен.