Дигестивниот систем е сложен механизам и самото варење на храната е уште посложено. За да останеме здрави и за да нашето тело функционира правилно, потребно е здраво да се храниме.

Иако и изборот на здрава исхрана не секогаш се совпаѓа со нашите секојдневни обврски и брз начин на живот, за среќа постои едно многу едноставно природно решение кое може да го обнови дигестивниот систем и ефикасно да го прочисти цревата, притоа брзо елиминирајќи ја стомачната подуеност.

Домашна смеса за прочистени црева и против подуен стомак

Потребни состојки

  • 150 гр сливи
  • 150 гр урми, може и суви
  • 5 шолји врела вода

Начин на подготовка

Поставете ја водата да се вари во тенџере и додадете ги крупно исечените сливи и урми, а потоа намалете го оганот на пониска температура и оставете ја смесата да врие дополнителни 15 минути, додека да се згусне. Следно, отстранете го тенџерето од оганот, оставете ја смесата да се излади и складирајте ја во стаклен сад, во ладилникот.

Начин на употреба

Консумирајте по 1 супена лажица од смесата по појадокот и 1 супена лажица по ручекот. Оваа моќна смеса значително ќе ја подобри вашата дигестија и ќе ви помогне лесно да се справите со проблеми како опстипација. Истата целосно ќе го исчисти вашето дебело црево и ќе го подобри вашето општо здравје.