Проширените вени, испуканите капиларии и стрии се непријатни појави кои најчесто се појавуваат кај луѓето со прекумерена телесна тежина, а се поврзани со хормонските промени.

Добрата вест е што оваа непријатна појава може да биде контролирана и да се лекува со сосема природни средства, бидејќи комбинацијата на одредени природни состојки значително ја подобрува циркулацијата на крвта и ги ублажува воспаленијата.

Токму вакво чудесно средство е и следниот домашен мелем со лук, кој е идеален за нанесување на нозете, рацете и други делови од телото, кои се склони кон овој проблем.

Домашен мелем против проширени вени

Потребни состојки

  • 2 глави лук
  • 100 гр зејтин
  • Сок од 1 лимон

Потребни садови и прибор

  • Стаклена тегла со капак
  • Дрвена лажица

Начин на подготовка и употреба

Излупете ги чешнињата лук и исечете ги на тенки парчиња или истолчете ги. Исипете ги во стаклената тегла и полејте ги со зејтин и сок од лимон. Сето добро измешајте го со дрвена лажица, до добивање на хомогена смеса. Затворете ја теглата и поставете ја на ладно и темно место, да отстои 48 часа.

Потоа, земете колкаво количество ви е неопходно од мелемот и нанесете го на нозете. Масирајте ги зафатените зони 5-8 минути, без да притискате силно, со цел да ја зајакнете циркулацијата.

Откако со масажата ќе ги затоплите местата, оставете го мелемот да дејствува дополнителни 30 минути. На крај измијте со топла вода и исушете.

Овој природен лек содржи минерали, кои значително помагаат за зајакнување на кожата и за нејзино опуштање, а притоа помагаат за исфрлање на течностите кои се задржуваат во ткивата.