Вистинското пријателство може да ни помогне да ги надминеме сите пречки во животот. Но, реалноста раскажува поинаква приказна, бидејќи денес е тешко да се одржува една таква врска.

Понекоаш луѓе избираат различни животни правци по кои тргнуваат, па така, дури и со семејството, тешко ги одржуваат контактите. Затоа и во повеќето случаи, денес е тешко да се одржи т.е да се има едно вистинско пријателство.

Но, тоа не е случајот со овие две дами кои се запознале пред 30 години.

Ви ја споделуваме нивната приказна, во чест на нивната 30-годишнина од златното пријателство, која ќе ви го разубави денот.

Размислете на убав начин како може едно пријателство да се прослави. Можете да поминете заедничко време, разгледувајќи ги старите фотографии или пак да си размените вредни подароци, пропратени со топла прегратка. Но, кој подарок би траел засекогаш? Па се разбира, тетоважа!

Тоа е токму она што овие две пријателки од Бразил, го сториле. Тие си направиле две исти тетоважи од насмеани чаши пиво како се држат за рака. Фотографијата е споделена од внукот на една од жените, а во описот додал дека ги направиле тетоважите инспирирани од она што најмногу го сакаат: Да си разговараат и притоа да уживаат во чаша полна вкусен пијалок, воедно да се поддржуваат меѓусебно и да ги споделуваат сите прекрасни нешта.

Приказната допре до многу срца, токму од горенаведената причина, дека денес е тешко да се одржи едно вистинско пријателство, па затоа прекрасно е да се види ваква скапоцена реткост.