Мајка на три момчиња напиша моќно писмо до своите идни снаи, кое остава со солзи во очите

Животот ни покажува дека врската помеѓу снаите и свекрвите доаѓа во сите форми, од љубов и почит, до ривалство и несогласувања.

Но, кога Рејчел Болеј, мајка на 3 момчиња, на нејзиниот блог, објави емотивно писмо до своите идни снаи, веднаш на нејзина сметка пристингаа бројни срцезатоплувачки реакции и позитивни коментари од жени, кои едногласно изјавија дека не можеле да ги задржат солзите при читањето на објавата.

Од друга страна се јавиле и жени, во улога на снаи, кои подеднакво се воодушевиле од нејзиното писмо, а еве како гласи тоа:

Писмо до моите идни снаи

„Некој од неодамна ме праша, какви мажи, се надевам, дека ќе станат моите синови кога ќе пораснат. За ова размислувам секојдневно.

Иако кога ќе ги погледнам, во нив ги гледам моите мали бебиња, сепак, јас не одгледувам бебиња. Јас одгледувам и воспитувам мажи. Мажи, кои се надевам во иднина ќе станат нечии сопрузи и татковци- едни од најважните животни улоги. Моја задача е да ги израснам и да им ги всадам потребните вештини и вредности, за да утре ги исполнат успешно тие улоги. Секој ден поминат со моите момчиња го чувствувам како благослов и тие се моја одговорност.

Па…

До моите идни снаи,

Имам неколку работи кои сакам да ви ги кажам. Сè уште не ве знам, ниту познавам, но веќе ве сакам. Ве сакам толку многу, бидејќи еден ден вие ќе ги сакате моите момчиња. А тие ќе ви ја возвратат љубовта.

Ќе дојде ден кога она лепливо, неуредно, смешно мало момче ќе биде твое. Тоа секогаш ќе биде мое дете, но тие ќе го заземеш моето место, на толку многу начини.

Еден ден твојата рака ќе ја замени мојата. Твоите очи ќе бидат негов мир, а твоето срце, негов дом.

Тебе ќе те бакнува за добра ноќ.

Со тебе ќе ги споделува неговите сонови.

Со тебе ќе се чувствува удобно, кога ќе се плаши.

Ти ќе бидеш онаа која ќе му го држи срцето. Истото срце кое сега го држам јас секоја вечер.

Некој ден драга, тоа ќе бидеш ти.

Отсекогаш мислев дека ќе имам ќерка, а сега таа ќерка си ти. Сега во моментот, ти си им сè на твоите родители, како што моите момчиња се сè за мене.

Се молам прво да ја осознаеш љубовта кон самата себе, бидејќи за да сакаш некој друг, прво мораме да се сакаме самите себе. Се надевам дека секој ден ќе ти биде благословен и ќе се чувствуваш како принцеза.

Го одгледувам и воспитувам и мојот син утре да те гледа така- како вистинска принцеза.

Се молам и се надевам дека ќе ја знаеш твојата вредност и ќе се почитуваш самата себе. Се молам да не се плашиш утре да го кренеш својот глас, за да се избориш за добар живот, не само за тебе, туку и за другите, вклучувајќи го и мојот син. На мажите им треба некој што живот ќе значи.

Сакам да знаеш дека, иако правам грешки, го воспитувам мојот син утре да има огромна почит кон тебе и да те цени. Не можам заслугите да ги преземам за неговите квалитети и убавина, ниту пак да го обвинам за неговите маани. Мојата сопствена мајка ме научи на тоа.

Ти ветувам дека со тебе ќе ги споделам сите тајни и сето мое знаење за него, како најдобро да го сакаш. А кога времето ќе дојде, ќе ти верувам со неговото срце. Го учам за да ја сфати вредноста на женското срце. Го учам дека тоа е бесценето и кога еднаш е скршено, тоа никоаш не може да се врати какво што било порано.

Тоа не секогаш е лоша работа, но доколку можеме да ја избегнеме, не би сакала утре мојот син да биде причината за твоето скршено срце. Истовремено, сакам да запаметиш дека тој не може ниту да го излечи. Но, ќе го учам засекогаш да ја цени и негува твојата љубов, да ја разбира твојата вредност. Да те почитува бескрајно, како што ќе го почитуваш и ти него.

Ги учам моите момчиња да бидат силни, но ранливи. Храбри, но скромни. Бестрашни, но и да не се плашат да побараат помош кога тоа ќе им биде потребно. Тие се лидери кои знаат да следат.

Се молам и надевам дека ќе израсне во маж кој ќе го живее животот со вистинските вредности, со скромност, интегритет, хуманост, искреност, верба и хумор.

Посветена сум моите момчиња да ги научам да бидат независни и никогаш во тебе да на гледа улогата на мајка, бидејќи јас мојата задача ќе ја исполнам. Ветувам дека ќе го научам секогаш да биде свесен дека ти вредиш и дека ти, исто така си нечие дете, нечија ќерка и принцеза.

Се молам и надевам дека вие двајца ќе имате прекрасен и исполнет заеднички живот и никогаш нема да заборавите како да го изградите. Го учам да те сака бескрајно, но ќе има моменти и кога ќе му бидеш многу потребна, како и тој на тебе.

Вревата на светот секогаш ќе биде гласна. Нема секогаш да биде лесно. Ќе има моменти кога ќе се сомневаш во твојата одлука, а во тие моменти љубовата која сега ја всадувам во неговото срце, ќе ги победи сите тешки ситуации.

Ветувам дека го учам да ти биде доволен со неговите квалитети.

Има уште многу години пред да се запознаеме. Но секој ден, од овој момент па до иднината, јас тебе ќе те сакам и почитувам. Ќе те сакам, бидејќи ќе го сакаш мојот син. И ќе станеш моја ќерка.“