За денес ви претставуваме еден чудесен лек кој датира уште од 12-ти век, а создаден од Хилдегард фон Бинген, монахињата која важела за моќен исцелител.

Пред 800 години, овој лек се користел за срцева болка, невралгија, стрес, замор, а воедно и како лек за подобрување на крвотокот.

Древен лек за срцеви заболувања

Потребни состојки

  • 10 страка свеж магдонос (без корени)
  • 1 литар бело или црвено вино
  • 300 гр природен мед
  • 2 супени лажици јаболков оцет

Начин на подготовка

Полејте го свежиот магдонос со виното и поставете ја смесата да се вари 5 минути.

Откако ќе ја отстраните од оганот, додадете го оцетот и медот. Повторно вратете ја смесата да се вари 5 минути, додека ја отстраните пената.

Прецедете го врелото вино и додадете го во стаклено шише. Истото складирајте го во ладилникот.

Начин на употреба

Консумирајте по 1 супена лажица од лекот секој ден, а се препорачува тоа да го правите навечер, бидејќи смесата содржи алкохол. Користете го лекот во временски период од 1 месец и ќе забележите како здравјето на вашето срце значително се подобрува.

Третманот може да го практикувате на секои 3 месеци.