Сувата кашлица може да биде предизвикана од настинка, а може да се јави како резултат на иритирана слузокожа на грлото. При нејзина појава најчесто се конзумира мед или топол чај со мед, но еве 2 рецепти кои можат исто така да помогнат при иритирано грло.

1. Сируп од мед и црна ротквица

Потребно:

  • 1 лажица мед
  • 1 црна ротквица

Ротквицата се длаби и се отстранува нејзината внатрешност, во неа се истура една лажица мед. Се остава на собна температура да преноќи. Во текот на ноќта ротквицата ќе испушти горчлиц сок кој ќе се соедини со медот, се конзумира наутро, доволна е една лажица секое утро додека не се смири кашлицата. 

2. Сируп од лушпа од орев и масло за готвење

Потребно:

  • 1 лушпа од орев
  • 1 лажица сончогледово масло

Лушпата од орев се поставува на загреана рингла и во неа се сипува маслото, се остава на оган додека не зоврие маслото. Се вади од оган и се остава да се излади, таа постепено ќе добие бела боја, потоа се претура во лажица и се пие веднаш. Резултатите се видливи по првата употреба, кашлицта ќе се смири.