Никој не ја сака занемарената лична хигиена, валканите алишта, лошиот здив, миризливите чорапи и многу други работи кои ја прават личноста да изгледа многу непривлечно.

Особено кога станува збор за лошиот здив, тој се смета за еден од најчесто среќаваните проблеми меѓу луѓето. Но, понекогаш дури и редовното миење на забите не може да го елиминира лошиот здив, кој може да биде резултат на бактерии во усната празнина или да биде предизвикан од одредени видови на храна.

Истиот може да биде многу тежок за елимнирање, при што, токму за оваа цел, денес ви го претставуваме најдоброто природно лекарство со кое конечно ќе ставите крај на овој проблем.

Домашна вода за уста за брзо ослободување од лошиот здив

Потребни состојки

  • 2 лимона
  • 1 шолја топла вода
  • Половина кафена лажица цимет
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 1 кафена лажица мед

Начин на подготовка и употреба

Исцедете ги лимоните, а кон добиениот сок, додадете ги циметот и медот. Кон добиената смеса, додадете ги и водата и содата и добро измешајте ги сите состојки заедно.

Готовата домашна вода складирајте ја во стаклена тегла. А за употреба, земете 1-2 супени лажици од водата и исплакнете ја устата со истата, односно жабуркајте неколку минути, без на крај да ја голтате течноста.

Циметот ги убива бактериите кои предизвикуваат лош здив. Медот има силни антибактериски својства, а содата ги избелува забите. Лимонот придонесува за пријатен здив и за елиминирање на бактериите исто така.