Благодарение на оваа домашна смеса од аспирин ќе успеете да се ослободите од здодевните калуси и конечно да им ја дадете потребната удобност на вашите стапала.

Домашна паста од аспирин против калуси

Потребни состојки

  • 10 таблети аспирин
  • 250 мл 70% шпирт
  • Сок од 1 лимон
  • Сода бикарбона
  • Измазнувачка крема за стапала

Пред да ја започнете терапијата со аспиринот за отстранување на непријатните калуси и здебелувања на кожата на стапалата, земете сад со топла вода.

Во истиот, потопете ги вашите стапала и со триење, добро нанесете ја содата бикарбона врз истите. Исушете ги стапалата.

Начин на подготовка

За да ја подготвите пастата од аспирин, ситно истолчете ги таблетите и измешајте ги со алкохолот. Поставете ја смесата во стаклено шише и оставете ја така да отстои 2-3 дена. Не е неопходно да ја прецедувате.

Начин на употреба

Пред употреба, протресете го шишето. Следно, земете парче завој и потпете го во смесата и истото поставете го врз местото од кожата кое сакате да го излекувате, петата или целото стапало.

Добро прицврстете го завојот и завиткајте го со најлонска ќеса, за да не остане на место, а потоа облечете чорапи. Оставете го лекот да дејствува во текот на целата ноќ.

Следниот ден, измијте ги стапалата со топла вода, воедно повторно со нанесување на сода бикаробна и со триење со употреба на пемза. Исушете ја кожата и нанесете од сокот од лимон. Потоа повторно почекајте кожата да се исуши и нанесете измазнувачка крема за стапала.

По 10 третмани, вашите стапала ќе го добијат посакуваниот мазен и беспрекорен изглед.